Во Македонија од цистична фиброза страдаат околу стотина пациенти, кои повеќе од две години ја молат нехуманата и ненародна Влада и Министерството за здравство да го набават лекот трикафта!
Откога пред неколку месеци битолчанецот Благојче Илијевски ја загуби битката со цистична фиброза и за жал, почина, чекајки надлежните да го набават лекот трикафта повеќе од две години, Владата набави лек за осуммина пациенти и од народниот буџет има одвоено пари само за уште четворица пациенти!
Има пари во народниот буџет за скапи ручеци, дневници, патни трошоци, скапи службени коли, градење канцеларии замоци и други луксузни расипнички трошења од страна на функционерите манипулатори, а нема пари за сите пациенти кои боледуваат од цистична фиброза и други тешки болести во Македонија!
Како ДЕМОКРАТИ сме згрозени од нивниот нехуман, нечовечки однос и начинот на кој си поигруваат со животите на пациентите кои се заболени од цистична фиброза и други ретки болести!
Згрозени сме од нехуманата и ненародна Влада и нејзината неспособност да набави лекови за сите пациенти!
За жал, ова е трагедија која ни се случува повеќе децении од страна на владејачките криминални партии и нивните злосторнички криминални банди кои одлучуваат кој ќе живее, а кој ќе страда и умира!
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНО да се набави лекот трикафта за сите заболени од цистична фиброза во Македонија и да се набават лекови за сите други, и особено за ретките болести за кои има лекови во светот!