Триесет и двегодишното пљачкање на државата и уништувањето на економијата!

Триесет и двегодишното пљачкање на државата и уништувањето на економијата од страна на политичките злосторнички криминални банди, од редовите на СДС-ДПНЕ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци, креираат масовно иселување на граѓаните од Македонија и недостиг на работна сила во државата.

Сега неспособната власт, проблемот со недостиг на работници ќе го решава со увезување работници од Бангладеш и Пакистан!

Како ДЕМОКРАТИ сметаме дека ова што ни се случува во нашата држава е невидена трагедија и дека Македонија се наоѓа пред голема опасност од понатамошно уништување, а се доведува во прашање и опстанокот на македонската држава!

За да го запреме понатамошното масовно иселување на граѓаните од нашата држава и да ја спасиме македонската држава, прво треба да се бориме против овие банди и ги турнеме од власт од политичката сцена, и тоа што побрзо, тоа подобро!

Второ, треба да креираме врвна економија преку која ќе креираме нови вработувања со високи плати, зашто само така ќе ги задржиме младите и граѓаните во Македонија!

Без млади Македонија нема иднина!

Затоа, ние, ДЕМОКРАТИ, ги повикуваме сите чесни граѓани да ни се придружат и заедно да се бориме против злосторниците за спас на Македонија, нашите деца, внуци, сограѓани и нашите животи!

Претходно Невидено понижување и осиромашување на вработените во јавното здравство од страна на неспособната и ненародна Влада !

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ