Ненародниот премиер и министерот по економија ги лажат и манипулираат граѓаните со новите намалени цени на тестенините за 15 %, млечните производи и млекото за 10 % (на пример, ако 1/2 килограм макарони чини 40 денари, граѓаните по намалувањето на цената ќе заштедат 6 денари).
Значи, со ова мизерно заштедување, според ненародниот премиер и министерот за економија, животниот стандард на граѓаните ќе им се подобри!
Но, тие „забораваат“ да им кажат на граѓаните дека цените на повеќето производи се зголемени за 100 % и повеќе, трговците се богатат, а за жал, граѓаните осиромашуваат и живеат помизерен живот со секој изминат ден!
ДЕМОКРАТИ се револтирани и згрозени од нивните лаги и манипулации со граѓаните и ги повикуваат ИТНО да си дадат неотповиклива оставка!
ДЕМОКРАТИ веруваат дека животниот стандард на граѓаните може да се подобри само со развој на економијата, отворање производствени погони и фабрики кои ќе креираат нови вработувања во стопанството, со повисоки плати, а не со мизерно популистичко намалување на цените!