ДЕМОКРАТИ во неколку наврати се залагаат и ја бранат идејата дека македонското земјоделство треба да биде планско, производителите да имаат добивка за пристоен живот, а производите да не скапуваат по нивите.
Но, бидејќи сето тоа значи средства во џебот на земјоделецот, а не во џебот на трговецот и тие над него, идејата на ДЕМОКРАТИ е неприфатлива и игнорирана од „елитите“ и од нивните соработници меѓу новинарите.
Во таа смисла, неколкупати реагиравме на недозволиво ниската откупна цена на зелката, која се продава по пазарите низ држвавата по многукратно повисоки цени по килограм. На тој начин, целокупната заработка од трудот на земјоделецот оди кај трговците и нивните мецени.
Сведоци сме дека откупната цена на зелката е недоволна да се покријат основните трошоци за семето и заштитните оператори за одгледување на зелката, а за средства за трудот и заработка за земјоделецот не станува збор. Напротив, земјоделецот е понижен, а неговиот труд потценет.
Снимката подолу е она што ДЕМОКРАТИ го документираа денеска во Дојранскиот Регион на Македонија, каде што разочарувањето на земјоделците од односот кон нив се изразува со орање на зелките, наместо нивно пласирање на пазарот.
ДЕМОКРАТИ прашуваат уште колку пот и труд попусто ќе вложуваат земјоделците во Македонија, уште колку време од трудот на земјоделецот ќе се богатат трговци и нивните мецени, до кога Македонија ќе биде зависна за храна од увоз при толку многу можности за сопствено производство?
ДЕМОКРАТИ прашуваат дали има крај на алчноста на функционерите кои за лични провизии го газат достоинството на обичниот човек?
Денеска ДЕМОКРАТИ го документираа уништувањето на една од многуте ниви со зелки, го документираа уништувањето на годишниот труд на едно четиричлено семејство и неговата загуба од близу 2.500 евра.
А вие, прашајте се зошто на последните парламентарни избори гласавте за оние кои 32 години ве понижуваат и ви ги уништуваат животите!