Страв да те фати да бараш помош во јавните здравствени установи мртовечници!
Како што вели една поговорка: „Здрав да отидеш, болен ќе излезеш, а болен да отидеш, мртов ќе излезеш!“
Трагедија е што јавното здравство во Македонија систематски се уништува 32 години и здравствените установи се претворени во мртовечници, благодарение на владеењето на политичките злосторнички криминални банди од редовите на СДС-ДПНЕ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци!
За да го спречиме понатамашното уништување на јавното здравство и да креираме подобро здравство и подобри здравствени установи во кои граѓаните ќе добиваат врвна здравствена нега и ќе се лекуваат, наместо да умираат, ДЕМОКРАТИ ги предлагаат следните измени во Законот за здравство:
1. Бесплатно здравство
2. Бесплатни лекови и набавка на сите лекови кои постојат во светот за сите пациенти
3. Бесплатно лекување за сите пациенти во странство, ако не постои медицински третман во државата
4. Платите на вработените во здравството да се покачат 100 %!
5. Спречување на кражбите на парите од Фондот за здравство
6. Спречување на расипничкото трошење на парите од Фондот за здравство!
7. Спречување на пренамена на парите од Фондот за здравство за други потреби
8. Спречување на кражбите кои ги вршат вработените во здравствените установи
9. Изградба на 10 современи клинички центри или реновирање на постоечките здравствени установи каде е можно низ Македонија
10. Забрана за изградба на еден гломазен Клинички центар во Скопје во кој за своите здравствени проблеми ќе мораат да доаѓаат пациенти од сите краишта на Македонија, ќе се креира огромна гужва и за жал, со месеци ќе чекаат да закажат преглед, малтретираат по патиштата и трошат пари за превоз и престој во Скопје, а нема да добијат здравствена нега каква што заслужуваат.
Некој можеби ќе се запраша, од каде пари да имаме бесплатно здравство или да се покачат платите на вработените во здравството 100 %?
ДЕМОКРАТИ веруваат дека ако не се крадат парите од народниот буџет на Македонија, пари има доволно да се покријат трошоците во здравството и да се креира врвно здравство, под услов да се спроведат измените во Законот за здравство што ги предлагаме и со тоа да се спречат кражбите и расипничкото трошење на парите од Фондот за здравство!
За жал, како ДЕМОКРАТИ не веруваме дека властите и пратениците во Собрание ќе ги прифатат нашите предлози за да креираме подобро здравство и да спасуваме човечки животи.
Затоа, ДЕМОКРАТИ ги повикуваат граѓаните да ни се придружат во борбата за подобро здравство и да ги тргнеме од власт еднаш засекогаш политичките злосторнички криминални банди од редовите на СДС-ДПНЕ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци, кои 32 години го уништуваат здравството и ги претворија здравствените установи во мртовечници!