Билал Касами на својот официјален фејсбук-профил напиша, „Добре дојдовте во главниот град на Албанците во Северна Македонија!“
ДЕМОКРАТИ имаат неколку прашања за Билал Касами:
1. Дали си градоначалник на Тетово?
2. Дали си градоначалник на сите граѓани на Тетово или си само градоначалник на Албанците?
3. Дали е вистина дека, според кажувањата на жителите на Тетово, откога си „прв човек“ на Општина Тетово, градот од огромна депонија за ѓубре го имаш претворено во огромна септичка јама?
4. Дали си националист, иредентист или и самиот не знаеш што си?
5. Дали знаеш дека немаш поим од историја и дека Тирана е главен град на Албанците?
6. Дали се имаш прегледано на психијатар и ако се имаш прегледано, која е дијагнозата?
Како ДЕМОКРАТИ бараме јавно да ни одговориш на прашањата на Фејсбук, затоа што тоа им го должиш на сите граѓани на Тетово и Македонија кои те плаќаат да живееш раскошен живот!