Невиден идиотизам од страна на непријателска Бугарија спрема Македонијa!

Замислете каков идиотизам спроведува непријателска Бугарија спрема Македонија со нејзиното барање да се вметне бугарското малцинство во Уставот на Македонија, а не ги признава Македонците во Бугарија!

Стејт департментот на Америка во последниот извештај објави дека Софија продолжува да ја негира регистрацијата на македонските активистички групи во Бугарија.

За жал, Бугарија не го признава постоењето на Македонците во Бугарија и не ги почитува нивните права, како што ние ги почитуваме правата на бугарското малцинство во Македонија!

Исто така, непријателска Бугарија продолжува да ги негира пресудите на Судот за човекови права од Стразбур во корист на Македонците во Бугарија.

Бугарските закони предвидуваат право на слобода на здружување, но за жал, Бугарија не дозволува регистрација на македонските друштва „Друштво на репресирани Македонци – жртви на комунистичкиот терор“ и „Обединета македонска организација – Илинден“!

ДЕМОКРАТИ бараат од Бугарија ИТНО да ги признае Македонците во Бугарија и да им дозволи регистрација на нивните друштва!

Претходно Од народните пари се финансира секоја активност САМО на партиите!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ