Благодарение на Законот за партиски истражувачко-аналитички центри, САМО четирите парламентарни партии со најголем број пратеници добиваат средства за формирање на свои аналитички центри.
Тоа се оние центри кои го „формираат“ јавното мислење според потребите на партијата од која се формирани.
ДЕМОКРАТИ по којзнае кој пат реагираат и инсистираат на промена на законите кои се однесуваат на изборите и работата на партиите во Македонија.
Доколку останат на сила досегашните, крајно фаворизирачки закони за досегашните владејачки партии во Македонија, кои 32 години ја уништуваат македонската држава, дотогаш нема да има ниту Д од демократија во Македонија.
Погледнете го Законот и ќе видите зошто ДЕМОКРАТИ реагираат и проценете дали новосоздадените партии имаат еднаква можност за работа како оние „вечните“, независно од квалитетот на нивното членство.