Продолжува грабежот на сиромашниот народ од страна на криминалната држава!

Според Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПД), за 2022 година, од патарини собрани се 3.274.387.335 денари, односно 53.242.070 милиони евра. Во споредба со 2021 година кога државата од патарини собрала 46,4 милиони евра, тоа се 6,6 милиони евра повеќе!

Како ДЕМОКРАТИ сакаме да посочиме неколку примери на невиден грабеж на граѓаните кои ги користат македонските патишта.

На пример:

1. Ако патувате од Скопје за Битола, за 60 километри автопат треба да платите 180 денари, а во два правци, 360 денари!
2. Ако патувате од Скопје за Гевгелија, за 150 километри пат треба да платите 350 денари или во два правци, 700 денари!
3. Ако патувате од Скопје до Тетово, за 40 километри пат треба да платите 80 денари или во два правци, 160 денари!
4. Ако патувате од Скопје до Штип, за 80 километри пат треба да платите 160 денари или во два правци 320 денари!

За жал, во време на катастрофална економска криза, кога граѓаните стануваат сѐ посиромашни со секој изминат ден, криминалната држава го ограбува народот со астрономски патарини.

Затоа, ДЕМОКРАТИ предлагаат македонските државјани да не плаќаат патарини!

Патарини да плаќаат странски државјани кои престојуваат или поминуваат низ државата!

Претходно Браво докторе Омер Џемаили!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ