Ненародниот премиер Ковачевски немилосрдно ги лаже и манипулира граѓаните дека здравството било функционално!
За жал, секој ден по болниците умираат деца, возрасни и стари луѓе, благодарение на триесет и двегодишното владеење на неспособни луѓе како тебе, кои не се способни да го подобрат здравството, а знаат да ги лажат и манипулираат граѓаните дека имаме функционално здравство!
Трагедија е што како премиер се служиш со невидени лаги и манипулации, а уште поголема трагедија е што добро знаеш дека здравството е во тотален колапс и за жал, здравствените установи ни се претворени во мртовечници!
Благодарение на триесет и двегодишното лажење и манипулирање со граѓаните од политикантите како тебе, здравството е во тотален колапс и секој ден поради уништеното здравство, пациенти, наместо да бидат лекувани по здравствените установи, умираат!
ДЕМОКРАТИ бараат ИТНО да си поднесеш неотповиклива оставка!