Секоја духовна и земска криза е адекватно време за растење во длабочини.
При секоја анализа за општочовечкото добро ни се раѓа елан и креативен потенцијал за позитивни промени. Така стануваме убедени дека ни недостига просперитет во сите сфери на живеењето.
Државата како институција многупати не паѓа на дното поради многу црни дупки во законите и подзаконите.
Кога ние сме соочени да паднеме на дното, наоѓаме излез поцврст и посилен од падот.
Тогаш мотивацијата пламнува и гори и сѐ друго потиснува.
Пропуштивме многу неприлики, но затоа секогаш доаѓаат нови прилики.
По сите зададени удари кои не се секогаш по наша вина, стануваме посилни и велиме: СТОП за сите неправилности во институциите на системот!
Ние можеме, ние мораме да сме активни во креирањето на многу сфери во системот.
За да имаме правна држава, најголем акцент се дава на опозицијата, невладините организации, граѓанскиот сектор.
Граѓанинот е движечка сила која може планини и врвови да достигне.
Доаѓаат нови можности, начини и методи во креирањето на нашите животи.
Ние самите сме најјаката институција којашто може да дејствува на свеста и менталитетот.
За да имаме правна држава, мора да постои баланс и активно учество на овие компоненти: опозиција, невладин сектор и граѓани.
Нашето око и душа ги забележува неправилностите.
Сведоци сме на кршење на уставното демократско право, слободата на зборот и учеството во креирањето на политиките во системот.
Но животните маки раѓаат нови јунаци.
Не ја сакаме политиката, но актуелнава ситуација на долгогодишна криза нѐ тера да го дадеме својот максимум.
Својот максимум да бараме решенија и да се вложуваме во борбата за подобро утре на нашите деца, внуци и правнуци.
Не сум човек ако дозволам заминување на нашите деца и скитање по светот во борба за егзистенција.
Нашата мајка ги изгуби своите синови и ќерки.
Нашите раштркани деца низ светот се понижувачки производ на една долгогодишна политика.
Бидете упорни, верувајте дека можете да бидете дел од промените што се незапирлива сила.
Знам, спремни сте да ја исмеете идејата, но јас не се сомневам во себе, немојте ни вие, оти во вас, во нас, е клучот за промени.
Поставете си го прашањето, што би било Македонија да има добар стандард, никој да не бега од сопствената мајка, да нема криминал, да има вреднување на човековите вредности според резултати, да има слободен партиципативен глас на народот.
Одговорот не е тешко да се сфати, промени и добар живот во сопствената мајка земја од која нема да се бега низ светот.
Бараме креативно и наоѓаме решенија, модели, веруваме во успех.
Таму каде што совесноста е созреана, ризик не постои.
Апсолутно не постои неуспех.
Ние гледаме одлична перспектива. Го дигаме македонскиот менталитет.
Потчинетост во 21 век не постои, но кај нас, за жал, опстојуваше со закани, потиштеност и уцени.
Среќата и просперитетот на една држава зависи од храбрите војници. Тоа сме сите ние.
Свесноста достига до степен на лелек да боли, да гризе однатре.
Ова налудничаво невреме и околности носат прекрасен дар за освестување и промени во сите сфери на животот.
Кога ви се чини дека останувате без енергија, бидете во друштво на поискусни коишто веќе поминале низ фазите на освестување и личен развој.
Вие го можете тоа!
Вие ќе го направите тоа!
Сигурна сум во вас!
Вие сте толку моќни, што ќе направите долгорочни придобивки!
Ќе креирате подлога за идните генерации!
Точно вашите ставови формираат амбиент во вашето опкружување!
Човекот е способен повеќе одошто мисли, само треба да се упати во тоа!
Ние можеме светот да го промениме!
Да учиме едни од други и да го изодиме нашиот пат до успехот!
Во нас е силата!
Во нас е гласот!
Во нас е борбата!
Во нас е спасот!
Ни фали заедништво!
Ни фали верба!
Ни фали надеж!
Емоции на љубов кон чедата свои, тимска работа, иновативност, креативност се клучот на успехот кон позитивни промени!
Државата да биде добро катче за живот!
Промените во сопствениот ум носат резултати!
Храбро, исправено, чекорете кон своите цели и лични убедувања!
Живејте човечки достоинствено!
Новиот лет на слободата во вас се раѓа!
Зграпчете ги предизвиците за спас, за доброто, за иднината на сите нас!
Бидете концентрирани на користа од промените!
Креирајте нова ситуација на подобар живот!
Бидете мотивирани и верувајте:
Во самите вас е силата, вие можете да ги победите сите препреки и зла на овој свет!
Можете, сигурна сум!
Вие нема да дозволите голготата што ја поминуваме да ја поминат и вашите деца!
Во децата е иднината на нашата држава!
Затоа газете цврсто, направете катче на демократијата каде што вашите најмили ќе живеат среќно и исполнето!
Автор: Ceca Ceca