ПРОТЕСТ ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД ЗА АСТРОНОМСКОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ!


Почитувани,

ДЕМОКРАТИ ги покануваат сите граѓани, политички партии, граѓански здруженија, непрофитни организации, синдикати да ни се придружите на ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ ОДЛУКАТА НА УСТАВНИОТ СУД ЗА АСТРОНОМСКОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, кој ќе се одржи во петок, 07-04-2023 година пред зградата на Уставниот суд во Скопје во 18 часот!

Уставниот суд експресно донесе одлука да се зголемат платите на сите функционери (претседателот, премиерот, министрите, замениците министри, пратениците, градоначалниците, директорите на државните институции и агенциите, судиите, вклучувајќи ги и уставните судии кои го донесоа Законот) од следниот месец во просек за неверојатни, астрономски 78 %!

Одлуката на судиите од Уставниот суд, да се зголемат платите на сите функционери во просек за неверојатни, астрономски 78 %, вклучувајќи ги и оние на самите себе, е навредлива за граѓаните, невкусна, срамна и експресно донесена!

Да се покачат платите на функционерите за неверојатни, астрономски 78 % во време на катастрофална економска криза, во време во кое граѓаните стануваат сѐ посиромашни, живеат помизерен живот и со секој изминат ден сѐ повеќе страдаат за парче леб, е невидена пљачка на народниот буџет!

ДЕМОКРАТИ сметаат дека оваа срамна одлука на Уставниот суд е погрешна и бараме ИТНО да ја повлече!

Претходно РАСТЕТЕ НИЗ ДЛАБОЧИНИТЕ НА СРЦЕТО!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ