Конфискација на дивоградбите или невиден грабеж на граѓаните?

Државата има предлог да се конфискуваат дивоградбите во Охрид и Струга, за што ние како ДЕМОКРАТИ сметаме дека е огромен грабеж на граѓаните.

Владата, градоначалниците, советниците и институциите, одговорни за контрола и превенција на градење објекти без дозвола, се виновни што дозволија 32 години да се градат дивоградби покрај брегот на Охридското Езеро и градовите Охрид и Струга!

ДЕМОКРАТИ предлагаат:
1. ИТНО да се донесе закон за потекло на имотот на граѓаните на Македонија и негова конфискација ако е стекнат на нелегален начин!
2. Сите дивоградби покрај Охридското Крајбрежје, Националниот парк „Галичица“ и историските културни локации во Охрид и Струга да се отстранат, а не да се конфискуваат, и никогаш повеќе да не се дозволи да се градат дивоградби!
3. Властите, градоначалниците, советниците и вработените во институциите кои се одговорни за контрола и превенција на градење објекти без дозвола, да бидат кривично прогонувани што дозволија да се градат дивоградби!


Претходно Говорот на претседателот Јорго Огненовски од протестот пред Уставниот суд, против астрономското покачување на платите на функционерите!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ