Нема пари за лекови, а има пари за астрономско покачување на платите на функционерите!

Продолжуваат манипулациите на неспособната Влада со болните од цистична фиброза.

Со години неспособната Влада ги лаже болните со цистична фиброза дека ќе го набави лекот трикафта.

Дури пред некој месец таа се пофали дека го има набавено лекот трикафта за десетина болни од оваа тешка и опасна болест, но за жал, во Македонија имаме повеќе болни со цистична фиброза на кои овој лек може да им помогне!

ДЕМОКРАТИ го осудуваат ова безобразно, нехумано и манипулативно однесување на ненародната Влада кон болните со цистична фиброза, но што е уште пострашно, таа прави селекција кој ќе живее, а кој ќе умира.

ДЕМОКРАТИ повеќепати ја имаат повикано ненародната Влада ИТНО да го набави лекот трикафта за сите болни со цистична фиброза на кои овој лек може да им помогне и повторно ја повикуваме, ИТНО да го набави лекот, затоа што се работи за многу опасна болест и во прашање се човечки животи!

Ненародната Влада треба да им помогне на сите болни со цистична фиброза и со други болести, а не да одлучува кој ќе живее, а кој ќе умира!


Претходно Овие функционери не ги заслужуваат ни платите што ги земаа досега, а не тие да им се зголемат АСТРОНОМСКИ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ