Наместо МЕПСО да им простува долг од 14 милиони евра на трговците со струја, треба Владата на сиромашните граѓани да им ги прости долговите за струја!

За жал, МЕПСО донесе идиотска одлука да им ги прости долговите за струја од 14 милиони евра на компаниите кои тргуваат со струја!

ДЕМОКРАТИ го прашуваат МЕПСО со кое право им простува 14 милиони евра на трговците за струја?

Сите граѓани знаат дека тоа не се пари на МЕПСО или на Владата, дека тоа се народни пари и оштетени сме ние, како граѓани, а не МЕПСО!

За жал, ненародната Влада дозволува МЕПСО да им прости на трговците за струја 14 милиони евра, а не им простува ни еден денар долг на сиромашните граѓани!

Како ДЕМОКРАТИ имаме право да се сомневаме дека идиотската одлука на МЕПСО да им го прости долгот на трговците со струја од 14 милиони евра е незаконска и криминална и ги повикуваме ИТНО да си ја отповикаат!

Ги повикуваме МВР и Јавното обвинителство ИТНО да извршат истрага и да утврдат дали раководството од редовите на МЕПСО е вовлечено во корупција и криминал!

Како ДЕМОКРАТИ предлагаме да им се простат долговите за струја на сиромашните граѓани, а не да им се простуваат долговите на богатите компании кои тргуваат со струја.

Но трагедијата во цела оваа приказна е таа што ако сиромашните граѓани должат и еден денар за струја, ќе бидат прогонувани од ЕВН преку извршители, кои ќе ги тероризираат сиромашните граѓани со блокирање на трансакциските сметки и ќе ги принудат да платат огромна сума пари или ќе им ја одземат покуќнината, а во некои случаи и куќите и становите и за жал, ќе ги остават на улица за долг од мизерен еден денар!

За жал, во Собранието се донесе Законот за извршителите, кој ги тероризира и финансиски ги уништува сиромашните граѓани!

ДЕМОКРАТИ предлагаат:

1. Наместо да им се простува долгот на трговците за струја, тој да им се простува на сиромашните граѓани!
2. Да се укинат извршителите и судовите да ги решаваат споровите помеѓу доверителите и должниците!
3. Да се донесе закон да застаруваат долговите на граѓаните по две години!


Претходно Ужасот продолжува во болниците!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ