Ненародната и неспособна Влада продолжува да нѐ задолжува како граѓани со нови кредити!

Оваа ненародна и неспособна Влада продолжува да нѐ задолжува со огромни кредити (задолжени сме преку седум милијарди евра), кои не само што ние ќе ги враќаме, туку ќе ги враќаат и нашите деца и внуци, со децении!

Овие пари ќе се користат да ги пополнуваат дупките на државниот буџет за непотребни трошоци, а нема да се користат за капитални инвестиции, како што се изградба на производствени погони и фабрики, кои би креирале нови вработувања во стопанството и би го подобриле стандардот на граѓаните.

ДЕМОКРАТИ се крајно револтирани од ненародната и неспособна Влада и ја повикуваат ИТНО да си поднесе неотповиклива оставка!


Претходно ИТНО да се донесе Закон за потекло на имотот во Собрание на Македонија!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ