Пензионерите жртва на 32-годишното владеење на политичките криминални партии!

Во Македонија имаме околу 330.000 пензионери, од кои, за жал, преку 200.000 живеат во сиромаштија и не можат да си купат храна, лекови, да си ги загреат своите домови во зимскиот период или да се изладат во летните горештини, народски кажано, се оставени на милост и немилост од властите!

Што е уште пожалосно и поопасно, во иднина, на пензионерите ќе им се намалат пензиите благодарение на катастрофалното 32-годишно владеење на криминалните партии СДС-ДПНЕ-ДУИ и нивните злосторнички криминални банди кои ја уништуваа економијата, ги протеруваат младите и повозрасните стручни кадри (работниците) од државата и за жал, крајниот резултат од тоа е што нема доволно вработени во Македонија да го финансираат Фондот за пензиско и инвалидско осигурување!

На еден пензионер треба да има најмалку петмина вработени за да може да се полни Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), за да има пензии за пензионерите!

За состојбата да биде уште полоша за пензионерите, нивните здруженија и раководството не се борат за нивните интереси, туку за свои лични интереси, што подолго да останат на функции за да ги користат бенифициите што им ги овозможуваат токму пензионерите!

Како ДЕМОКРАТИ ги повикуваме сите пензионери да се бориме против властите, здруженијата и раководството на пензионерите, кои не се борат за интересите на пензионерите, туку за свои лични интереси, што подолго да останат на функции и да ги уживаат бенефициите од нивните функции!

Да се бориме за подобри пензии, бесплатно здравство, бесплатни лекови, државата да гради домови за стари лица и да креира врвна економија, преку која ќе се креираат нови вработувања во стопанството, кои ќе го полнат Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и на пензионерите ќе можат да им се зголемуваат пензиите, ќе им го подобрат животниот стандард и со тоа, и нивните животи!

ДЕМОКРАТИ предлагаат минималната пензија да биде 20.000 денари и зголемувањето на пензите да биде според големината на пензиите, што помали пензии, поголемо процентуално покачување!


Претходно Наместо МЕПСО да им простува долг од 14 милиони евра на трговците со струја, треба Владата на сиромашните граѓани да им ги прости долговите за струја!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ