Продолжува грабежот на народниот буџет од страна на партиската јавна администрација!

Секоја година криминалните партии во јавната администрација креираат нови вработувања за своите полтронски послушници и гласачи!

Исто така, измислуваат и формираат стотици комисии и агенции за да си ги вработат своите лепачи на плакати!

Криминалните партиски вработувања во јавната администрација се најголемо зло за економскиот развој и просперитет на Македонија!

Наместо да се градат фабрики, производствени погони кои ќе креираат нови работни места во стопанството, криминалните партии кои владееја со Македонија 32 години, креираа повеќе од 150.000 вработувања во јавната администрација, која им служи за гласање на криминалните партии и немилосрдно го цицаат народниот буџет!

ДЕМОКРАТИ предлагаат:
1. Да се намали јавната администрација
2. Да се забранат вработувања по партиска, национална или верска припадност
3. Единствен услов за вработување да биде стручноста и професионалноста на кандидатите!

Само така македонската држава ќе има врвна економија и подобар живот за сите граѓани!


Претходно Перверзна изјава на претседателот на Бугарија, Радев, дека во Македонија има македонски Бугари!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ