Криминалните политички вработувања во јавната администрација од страна на криминалните партии СДС-ДПНЕ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци го цицаат немилосрдно народниот буџет и ќе ја банкротираат државата.
За жал, 32 години, со секој изминат ден сѐ повеќе се зголемува јавната администрација со полтронски послушници и идни гласачи на криминалните партии СДС-ДПНЕ-ДУИ и нивните полтронски приврзоци.
Наместо владејачките партии да инвестираат во фабрики и производствени погони преку кои ќе креираат нови вработувања, тие креираат криминални политички вработувања во јавната администрација која е нивно гласачко тело, а сѐ помалку им служи на граѓаните и добробит на македонската држава!
Во јавната администрација се вработени повеќе од 130.000 административци и функционери. Бројот точно никој не го знае, а сигурно ги има многу повеќе!
Како ДЕМОКРАТИ, почитувани граѓани, ви обрнуваме внимание на тоа, дека стотици милиони евра се одлеваат од народниот буџет за плати, придонеси, патни трошоци, храна, пијалаци, канцеларии, струја, вода, возен парк и за други материјални трошоци!
Тоа значи дека стотици милиони евра од народниот буџет се наменети и се трошат за гласачите на криминалните партии, поточно кажано, секоја година овие криминални партии си ги финансираат своите партии и гласачи со повеќе од половина милијарда евра од народниот буџет!
Затоа, за да се спречат овие криминални политички вработувања и грабежот на народниот буџет од страна на криминалните партии СДС-ДПНЕ-ДУИ, нивните полтронски приврзоци и нивните злосторнички криминални банди, како ДЕМОКРАТИ го предлагаме следното:
1. Да се донесе ИТНО Закон кој ќе ги спречи криминалните политички мотивирани вработувања во државните институции и јавната администрација!
2. Да се намали бројот на вработените во државните институции и јавната администрација!
3. Единствен услов при вработување да биде стручноста и квалитетот на кандидатите, а не партиската, националната и верската припадност!