Почитувани граѓани,
ДЕМОКРАТИ ве покануваат да ни се придружите на ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ АСТРОНОМСКОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, кој ќе се одржи в петок, 28.04.2023 година, на плоштад „Магнолија“ во Битола во 19 часот!
Уставниот суд експресно донесе одлука да се зголемат платите на сите функционери (претседателот, премиерот, министрите, замениците министри, пратениците, градоначалниците, директорите на државните институции и агенциите, судиите, вклучувајќи ги и уставните судии кои го донесоа Законот) од следниот месец во просек за неверојатни, астрономски 78 %!
Одлуката на судиите од Уставниот суд, да се зголемат платите на сите функционери во просек за неверојатни, астрономски 78 %, вклучувајќи ги и оние на самите себе, е навредлива за граѓаните, невкусна, срамна и експресно донесена! Во време на катастрофална економска криза, во време во кое граѓаните стануваат сѐ посиромашни, живеат помизерен живот и со секој изминат ден сѐ повеќе страдаат за парче леб, оваа одлука е невидена пљачка на народниот буџет!
ДЕМОКРАТИ сметаат дека оваа срамна одлука на Уставниот суд е погрешна и бараме ИТНО да ја повлече!