Ненародниот премиер Ковачевски на предавањето во Дипломатската академија „Виена“ во Виена, Австрија: „Обезбедивме повисоки плати и пензии кои континуирано ќе растат, ГО ЗАШТИТИВМЕ СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ!“
Замисли, народе на Македонија, ненародниот премиер оди низ Европа и шири невистини и лаги и вели: „ГО ЗАШТИТИВМЕ СТАНДАРДОТ НА ГРАЃАНИТЕ!“
ДЕМОКРАТИ го прашуваат ненародниот премиер како го заштитил СТАНДАРДОТ НА СИРОМАШНИТЕ ГРАЃАНИ?
Сите сме свесни дека тој не ја кажува вистината и се служи со манипулации и лаги.
Тој „заборава“ да каже дека со мизерна минимална плата од 20.000 денари и пензии пониски од 11.000 денари не може да се живее ни една недела во месецот!
„Заборава“ да каже дека повеќето од граѓаните се сиромашни и живеат мизерен живот!
„Заборава“ да каже дека со секој изминат ден сиромашните граѓани стануваат сѐ посиромашни и живеат мизерен живот, немаат пари да си купат храна, лекови, облека, огрев, да ги платат сметките за струја, вода, а тој оди низ Европа како премиер и ги лаже Европејците дека тој и неговата влада го заштитиле стандардот на граѓаните на Македонија!
ДЕМОКРАТИ се крајно револтирани и згрозени од ненародниот премиер, неговите манипулации и лаги и бараме ИТНО да си поднесе оставка!