Најостро ја осудуваме срамната изјава на косовската претседателка Вјоса Османи и безобразното националистичко однесување на градоначалникот на Тетово, Биљал Османи

Претседателката Османи на Твитер напиша: „Додека бев во Тетово, се сретнав со градоначалниците на албанските општини во Северна Македонија. Дискутиравме за потребата да се продолжи зајакнувањето на Албанците во земјата преку зголемени инвестиции во нивните општини, соработката со Косово и нивната суштинска улога во иднината на Северна Македонија!“

ДЕМОКРАТИ сакаат да ја потсетат Османи дека во Македонија нема „албански општини“, има само македонски општини и кога доаѓа во посета на нашата држава треба да внимава што кажува, за да не предизвикува национални тензии помеѓу Македонците и Албанците со срамни изјави!

Исто така, најостро ја осудуваме одлуката на градоначалникот на Општина Тетово, Биљал Османи, да ја пречека претседателката Вјоса Османи со билборди напишани само на албански јазик, а исто така и на официјалните страници на Општина Тетово. За жал, ни нејзиниот говор официјално не беше преведен на македонски јазик.

Со ова градоначалникот го крши Уставот и Рамковниот договор и „заборава“ дека македонскиот јазик е официјален јазик на цела територија на Македонија, а исто така и во Тетово!

Националистот Османи „заборава“ дека Тетово е македонски град, на сите граѓани на Македонија, независно на која националност и религија припаѓаат и дека треба да работи и да биде градоначалник на сите граѓани.

Претходно ПРОТЕСТ ПРОТИВ АСТРОНОМСКОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ ВО БИТОЛА

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ