ДЕМОКРАТИ ги повикуваат сите партии кои имаат свои пратеници во Собрание ИТНО да го променат криминалниот Изборен законик пред да се одржат парламентарни избори!
ДЕМОКРАТИ веруваат дека во Македонија подолго време се спроведуваат криминални избори преку криминалниот Изборен законик кој беше легално донесен во Собрание и кој им овозможува на криминалните партии СДС-ДПНЕ-ДУИ, нивните полтронски приврзоци и нивните злосторнички криминални банди да доаѓаат на власт на криминален начин.
Замислете за момент, почитувани граѓани гласачи, што добиваме преку криминалните избори кои ги спроведуваат политичките криминални партии и нивните злосторнички криминали банди!
Одговорот сите го знаеме. ПОЛИТИЧКИ КРИМИНАЛЦИ!
Зар треба да очекуваме дека ПОЛИТИЧКИТЕ КРИМИНАЛЦИ, поточно кажано, политичките злосторнички криминални банди, кога ќе дојдат на власт ќе работат за наши интереси и интересите на македонската држава!
Одговорот сите добро го знаеме: НЕ!
Затоа како ДЕМОКРАТИ бараме, пред да се оди на парламентарни избори, ИТНО да се промени криминалниот Изборен законик и да се донесе нов Изборен законик кој ќе содржи:
1. Една изборна единица
2. Отворени листи
3. Без праг
4. Подеднаква распределба на финансиските средства за сите учесници на изборите
5. Подеднаква медиумска застапеност за сите учесници на изборите
6. Рамноправна распределба на рекламните локации
7. Да се спречат криминални избори преку поставување камери на секое избирачко место и користење на други методи!
Само така ќе имаме фер и демократски избори и шанса да гласаме за чесни, хумани луѓе, со работно и животно искуство, кои ќе ја менаџираат и водат Македонија во просперитет, ќе работат за интересите и доброто на сите граѓани, а не исти криминални партии и нивните злосторнички криминални банди да спроведуваат криминални избори и да доаѓаат на власт со децении, за да се богатат, а нам, на граѓаните, да ни ги уништуваат животите и Македонија!
ДЕМОКРАТИ: Итна промена на криминалниот Изборен законик за спас на Македонија
Македонија вечна!!!