Почитувани граѓани,
ДЕМОКРАТИ ве покануваат да ни се придружите на ПРОТЕСТОТ ПРОТИВ АСТРОНОМСКОТО ПОКАЧУВАЊЕ НА ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ, кој ќе се одржи в сабота, 06.05.2023 година, во 13:00 часот на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ во Прилеп!
Уставниот суд експресно донесе одлука да се зголемат платите на сите функционери (претседателот, премиерот, министрите, замениците министри, пратениците, градоначалниците, директорите на државните институции и агенциите, судиите, вклучувајќи ги и уставните судии кои го донесоа Законот) од следниот месец во просек за неверојатни, астрономски 78 %!
Одлуката на судиите од Уставниот суд, да се зголемат платите на сите функционери во просек за неверојатни, астрономски 78 %, вклучувајќи ги и оние на самите себе, е навредлива за граѓаните, невкусна, срамна и експресно донесена! Во време на катастрофална економска криза, во време во кое граѓаните стануваат сѐ посиромашни, живеат помизерен живот и со секој изминат ден сѐ повеќе страдаат за парче леб, оваа одлука е невидена пљачка на народниот буџет!
ДЕМОКРАТИ сметаат дека оваа срамна одлука на Уставниот суд е погрешна и бараме ИТНО да ја повлече!