Го прашуваме јавно Министетот за правда Кренар Лога дали е министер за правда на Македонија или Косово и зошто ги брани интересите на терористите убијци?
Према косовска Коха, Министерот за правда Кренар Лога за Радио Слободна Европа кажал дека се работи на документите за префрлањето на ,,Кумановската група”, во косовските затвори, поточно кажано се работи за терористите убијци, кои убија 8 македонски полицајци во ,,Диво Насеље” Куманово во 2015 година и кои сега се наоѓаат на издржување на затворски казни во скопскиот затвор „Идризово“, да се префрлат во косовските затвори и таму да ги издржуваат затворските казни!
Тројца од терористите убијци се осудени на доживотни затворски казни, а другите се осудени на долгогодишни затворски казни.
Како ДЕМОКРАТИ сме згрозени од иницијативата на Лога и најостро ја осудуваме.
Го прашуваме јавно министерот за правда Кренар Лога дали е министер за правда на Македонија или Косово и зошто ги брани интересите на терористите убијци?