Додека платите на функционерите се зголемуваат астрономски, во просек за 78%, мизерните здравствени синдикати се задоволуваат со 2000 денари покачување на платите на медицинските сестри во јавното здравство
ДЕМОКРАТИ најостро ги осудуваат неспособните здравствени синдикати во јавното здравство на Македонија, кои со децении не се способни да обезбедат повисоки плати и одлични услови за работа за здравствените работници.
Синдикатите се задоволуваат со мизерни покачувања од 2000 денари за медицинските сестри, додека платите на функционерите се зголемуваат астрономски за 78%!
ДЕМОКРАТИ веруваат дека раководствата на здравствените синдикати се неспособни да ги застапуваат успешно интересите на здравствените работници во Македонија!
На здравствените работници во јавното здравство не им се’ потребни неспособни луѓе да раководат со здравствените синдикати со години, а некои и со децении и да не’ ги застапуваат успешно интересите на сите здравствените работници!
Како ДЕМОКРАТИ, бараме, неспособните раководстводства на здравствените синдикати да си поднесат ИТНО оставка и здравствените работници да изберат нови раководства кои ќе ги застапуваат успешно нивните интереси!
ДЕМОКРАТИ предлагаат 100% покачување на платите на здравствените работници и креирање на врвни услови за работа.
Само вака ќе ги мотивираме здравствените работници успешно да си ја вршат работата и да ги лечат граѓаните, а во исто време ќе го спречиме масивниот одлив на медицински персонал во приватните здравствени установи или во странство!
Само така ќе креираме врвно јавно здравство и ќе покажеме респект према здравствените работници, кои ни се неопходни да спасуваат човечки животи!