ПРЕДИЗБОРНИ ЛАГИ!

Се навикнавме да слушаме пред изборите партиите во своите програми да ветуваат се си сешто – рај во Македонија, а по изборите – да не исполнуваат скоро ништо од ветеното. И што е најлошо – дури ние тоа веќе го прифаќаме и како нешто најнормално, нешто што се очекува !

Какви се тие луѓе кои свесно даваат ветувања за нешто за што однапред знаат дека нема да го исполнат? Секако – тоа се луѓе без чест, морал и достоинство, без љубов и почит кон нас граѓаните и кон државата, тоа се луѓе кои што се спремни, за личен интерес – и своите деца да си ги продадат ! Што остана тогаш за нашите деца?
А ако некој свесно не лаже, не гледа во очи и ни се колне дека лагата е вистина – нему око нема да му трепне и да не искраде до гола кожа !

Епа токму такви луѓе денес ни ја водат државата и политиката. Што е тоа што нив толку ги мотивира за лажење и крадење, и им го овозможува тоа? Секако – можноста што им ја нуди изборниот систем со затворени листи ! Со затворените листи изборите се меѓупартиска „војна“, и победникот има право да го земе целиот плен – државниот буџет, и да си го крчми заедно со своите партиски војници – како што сака !

Со затворените листи изборната програма е шарена лага, одговорноста многу лесно се релативизира – партијата е крива за се, и бидејќи никој не и може ништо на партијата – никој не е крив и не одговара ! Може во предизборие да се лаже колку ти душа сака – и потоа никому ништо, се се заборава и се оди натаму, отчетност нема !

Е, со Отворените изборни листи тоа веќе не е така. Овде кандидатите за пратеници им даваат лични ветувања на граѓаните – кои мора да ги остварат, со соодветен квалитет и во ветениот рок, и тука ситуацијата од корен се менува. Сега пратениците максимално ги притискаат раководствата на државата и на партијата за да им овозможат исполнување на ветувањата – зошто во спротивно ќе имаат последици тие лично, ама и партијата, зошто одговорноста лесно и точно се лоцира ! Затоа пратениците избрани со Отворени листи се квалитетни луѓе кои многу внимаваат што ветуваат пред избори, затоа потоа цел мандат се борат да го остварат ветеното, и затоа редовно ги известуваат граѓаните до каде се со исполнувањето на ветеното.

Е во ова е најголемата разлика помеѓу затворените и Отворените листи – во одговорноста на пратениците и функционерите, и во нивната отчетност, тоа е моторот што ги движи работите за тие да се извршуваат квалитетно и во рокови, и заради тоа се поднесуваат оставки од функциите или се отповикуваат пратеници и функционери ! Отчетноста и одговорноста се тоа што државата ја прави функционална, а законите почитувани и спроведувани!

Затоа се борам за Отворените листи, заедно со Демократи на Јорго Огненовски и другите партии, и затоа инсистирам работната група да ги воведе Отворените листи во новиот предлог-изборен закон!

Ако и ти си За – лајкни и сподели!

Преземено од Johan Peterson

Претходно Скопје во сообраќаен хаос, мостот „Беласица“ ќе остане затворен најмалку една година!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ