Мостот се запали, но за жал потребно ќе биде повеќе од година и половина да се поправи штетата и пушти во употреба и тоа под услов, веднаш да се почне да се работи на негова поправка, према ,,големите експертите” од Градежен факултет
Да беше ова вистина, за жал ќе беше смешно и траго комично!
Замислете почитувани граѓани, што може да се изгради за повеќе од година и половина, а во Македонија неможе еден мост да се поправи и пушти во употреба!
Како ДЕМОКРАТИ ги повикуваме властите во Скопје и државата, ако немаат способни ,,експерти” и градежни фирми во Македонија да ја санираат штетата брзо и да го пуштат во употреба еден од најважните мостови во Скопје, тогаш нека вработат странски фирми кои можат да го направат тоа за многу пократок временски период!
Во меѓу време драги Скопјани уживајте го секојдневниот сообраќаен хаос, благодарение на неспособни домашни ,,експерти”, градежни фирми и властите!