На претходните парламентарни избори СДСМ со коалицијата, во нивната победничка изборна програма „Можеме“, меѓу другото, го ветија и следното:
- Бесплатна зелена нафта за сите земјоделци до 2024 г.
- Нови 7.500 места за деца во градинките, инклузивни и енергетски ефикасни. Бесплатни градинки за сите деца од семејства со ниски приходи.
- Реконструкција на сите студентски домови, и двојно подобрување на квалитетот на исхраната.
- Прочистување на правосудството од копумпираните судии и обвинители.
- Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам.
- Детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители.
- Законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт.
- Намалување на јавната администрација за 20%.
- Ниеден пратеник нема да зема патни трошоци, а собранието ќе им обезбеди на пратениците станови од околу 50 м2 во Скопје.
- До 2024 г ќе отвориме 80% од поглавјата за интеграцијата во ЕУ.
- Од европските фондови да се обезбедат 2,5 милијарди евра за Македонија.
- Воведување на ОТВОРЕНИ ИЗБОРНИ ЛИСТИ !
Заради овие предизборни ветувања коалицијата на СДСМ доби гласовите од нас граѓаните, со кои ја формираше владата.
И ајде сега, во 2023 г, кажете ми до каде се овие предизборни ветувања, и што од ова е остварено од коалицијата на СДСМ? Дали СДСМ даде некој отчет до каде се со остварувањето на овие ветувања, и ако не се остварени – што да правиме сега? Кој е крив, и кој и како ќе одговара за тоа?
Јасно е дека сега СДСМ, како партија, ќе се правда на ковид пандемијата, на војната во Украина, на економската криза и т.н. Но каде беше СДСМ во овие три години да излезе со отчет, со објаснување за секое ветување посебно, зошто не е остварено? Дали кризата, пандемијата и војната се виновни што не е прочистено судството од корумпираните, што не се укинати патните трошоци за пратениците, што не се објавуваат трошоците на функционерите, градоначалниците и судиите, што јавната администрација не е намалена за 20%, што не се воведени Отворените листи? За овие работи нема објективни причини, и одговорноста е само субјективна – на раководството и на функционерите на СДСМ !
Но, освен генерализираната одговорност на СДСМ и на неговиот лидер и премиер, друга лична одговорност – нема! А нему нема ни влакно да му фали од главата ! Е затоа СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ не ги даваат затворените листи, за и натаму да нема лична одговорност во политиката, и да си прават што сакаат !
Со Отворените листи секој пратеник и функционер ќе внимава точно што ветил пред изборите, заради што ние граѓаните сме му ја дале довербата, и ќе мора нам да ни дава редовен отчет и да го оствари ветеното – или ќе лета од политиката, со можна кривична одговорност за измама, и евентуални други криминали !
Токму затоа јас и натаму ќе бидам максимално зад партиите кои вистински се борат за ИТНО воведување на Отворените листи во Македонија, како Демократи на Јорго Огненовски. Со Отворените листи точно ќе се знае личната одговорност за секое предизборно ветување, и кој треба да се награди а кој треба да се казни заради начинот на реализацијата на предизборните ветувања.
Ако и ти си за Отворени листи и за лична отчетност и одговорност – лајкни и сподели !