Без млади Македонија нема иднина!

Али Ахмети има изјавено: ,,Младите што бегаат од државата не се патриоти’’!

ДЕМОКРАТИ се крајно револтирани од безобразната, нехумана и крајно навредлива изјавата на претседателот на ДУИ Али Ахмети ,,дека младите што бегаат од земјата не се патриоти’’

За жал Али со неговата партија, а исто со помош на СДСМ и ДПМНЕ и нивните полтронски приврзоци со децении креираа криминален политички систем и ја уништуваа економијата, образованието, здравството, инфраструктурата, животната средина, културата, спортот во нивна корист, а на штета на младите и Македонија.

Креираа криминални политички вработувања во јавната администрација за нивните членови-полтрони и лепачи на плакати!

Креираат криминални политички елити кој се богатат и живеат раскошен расипнички живот на сметка на осиромашување на народот!

Младите се многу паметни и не сакаат да живеат во окупирана држава од домашни политички криминални елити и предавници!

Младите не сакат мизерни политички вработувања!

Младите не сакаат да ви бидат модерни робови и полтронски политички послушници!

Младите не сакаат да живеат во криминален политички систем каде политички манипуланти, профитери, криминалци и психопати се богатат на сметка на осиромашување на народот и државата!

Младите се паметни и сакаат да живеат во демократска држава каде владее правото и каде има демократски политички систем.

Младите сакаат да им се цени знаењето и трудот и единствен услов за вработување да биде квалитетот и стручноста, а не партиската книшка и политичката полтронска послушност!

Трагедија е Али што велиш дека младите што заминуваат од државата не се патриоти, а уште поголема трагедија е што веруваш дека ти си патриот, а веќе две децении заедно со твоите ,,политички пријатели’’ од СДСМ-ДПМНЕ и нивите полтронски приврзоци ја уништувате Македонија и ги протеравте младите од државата!

Како ДЕМОКРАТИ ги повикуваме младите заедно да се бориме против политичките криминални партии и нивните манипуланти, профитери, криминалци и психопати за спас на Македонија!

ДЕМОКРАТИ: Без млади Македонија за жал нема иднина!

Претходно Проследете го говорот на претседателот на ДЕМОКРАТИ господин Јорго Огненовски!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ