Према Државниот завод за статистика
просечната плата во март годинава изнесува 34.925 денари.
Народски кажано овој термин се користи од страна на ненародните власти да ги манипулираат и убедат сиромашните граѓани дека платите им се зголемуваат секој месец, стандардот исто така и живеат подобар живот!
Како ДЕМОКРАТИ повеќе пати сме пишувале за манипулациите на ненародните власти со сиромашните граѓани. Државниот завод за статистика објавува секој месец статистички податоци за перверзниот термин ,,просечна плата”!
ДЕМОКРАТИ најостро ја осудуваат ова манипулација од страна на ненародната власт со сиромашните граѓани и бараат да се објавуваат реални податоци за секој вработен колку му е нет платата, а не да ги манипулираат сиромашните граѓани со перверзниот термин ,,просечна плата”!