Во нормалните држави граѓаните се организираат во партии за да се борат за одредена идеологија!

Во нормалните држави граѓаните се организираат во партии за да се борат за одредена идеологија, за идеја во која веруваат, тие не се разединети и смртни непријатели.

Некои идеологии се конзервативни, некои се либерални, некои се демократски, и има уште многу варијанти на идеологии. Сите тие идеологии се борат за демократски државни системи, во кои ние граѓаните управуваме со државата преку наши избрани претставници – пратениците.

И во Македонија до 2002 г партиите се делеа според идеологијата, па блокот на СДСМ имаше демократска идеологија, со нив беа и Социјалистичка, Либерална и Либерал-Демократска партија, додека со ДПНЕ беа партиите со конзервативни, националистички и патриотски идеологии.

Но, по промената на изборниот модел и воведувањето на затворените изборни листи – почна големата промена во Македонија. Лидерите на партиите ја добија во доверба изборната моќ, тие почнаа да ги составуваат изборните листи, лично од нив да зависи кој ќе биде пратеник и државен функционер, па тие ја почнаа да ја користат можноста која им ја даваат затворените листи – да инсталираат свои послушници во сите државни институции, и така почна проектот на тотално заробување и партизирање на државата.

Најнапред луѓето почнаа да се рачочаруваат во Црвенковски, кој беше главен за се во државата, за да стане некој пратеник, функционер, министер, директор на јавно претпријатие, судија, обвинител и сл. – мораше да добие одобрување од него.

Истото потоа се продолжи и се надгради со Груевски во ДПНЕ и тој ги избрка најголемите патриоти од партијата – зошто мораше да се владее прагматично, само од личен интерес!

По падот на Груевски тој систем на партизирање и заробување на државата не застана, ни со Заев ни со Ковачевски, зошто системот на заробување, партизирање и уништување на државата со затворените изборни листи – е самоодржлив и мултиплицирачки!

Долго време не сваќавме во што е цаката, и од каде им е таа огромна моќ на лидерите за партизирање, заробување, корумпирање и криминализирање на државата.

Се додека ние граѓаните не согледавме дека токму изборниот систем со затворени листи им ја дава таа моќ на лидерите, и дека единственото решение за овој канцер на државата е – ИТНАТА промена на изборниот закон и воведувањето на Отворените листи со преференцијално гласање!

Ние, ДЕМОКРАТИ сме максимално за ИТНО воведување на Отворените листи, но за тоа декларативно се и сите останати партии.

Па тогаш, во што е проблемот?

Зошто Отворените листи сеуште не се воведени во Македонија?

Проблемот е во тоа што останатите партии сакаат да ВЛАДЕАТ со нас граѓаните во Македонија, и кога ќе ДОЈДАТ НА ВЛАСТ – да ни го крадат буџетот како што сакаат, да си ги зголемуваат платите и да си ги уживаат привилегиите од ВЛАСТА!

Е, тоа е тоа што не е можно со Отворените листи, и затоа тие само лажат дека се за Отворените листи, а всушност – максимално го саботираат нивното воведување!

Затоа сме тука ние Демократи, вистинските патриоти кои си ја сакаме државата и нашите сограѓани, кои сакаме да се ослободиме од лидерската и партиска зависност и да си ја вратиме изборната моќ кај нас, каде што и природно припаѓа – ние граѓаните да бидеме газдите на нашата држава!

Сакаме да ги оптимизираме трошоците за државната администрација и да ги сузбиеме криминалот и корупцијата во државата, а тоа е можно само со воведување на Отворените листи!

И затоа нашата идеологија се – Отворените изборни листи!

Со нивното воведување ќе се врати слободата на граѓаните, државата ќе стане квалитетна и функционална, во која ќе живееме по највисоки Европска стандарди!

Затоа, ДЕМОКРАТИ, ги повикуваат сите македонски граѓани да ни се придружите во нашата света и најпатриотска борба за воведување на Отворените изборни листи, за спас и развој на Македонија !

Претходно Сиромаштијата се продлабочува, граѓаните стануваат посиромашни со секој изминат ден!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ