Минатата недела, македонската јавност беше револтирана од одлуката на Уставниот суд, со којашто платите на функционерите драстично би се зголемиле. Подносител на иницијативата е адвокатот Бојан Стојевски, за кој медиумите немаа одговор кој е и зошто токму од него е покрената иницијативата, односно кој стои зад него.
Од она што Антропол го дознава, Стојевски е долгогодишен близок пријател и соработник со поранешни високи функционери на ВМРО ДПМНЕ, како и нивни активисти и симпатизери.
Јовица Латиновски е долгогодишен близок пријател со Бојан Стојевски, а на нивните профили, јасно се гледа и поширокото друштво од истакнати активисти од ВМРО ДПМНЕ, како Бобан Несторовски (сопственик на кафулето „Хелиум“ во Општина Аеродром), кој пак неодамна беше одговорен за физички напад на советник од редовите на Левица, но под заштита на градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски од ВМРО ДПМНЕ, овој инцидент не најде на осуда од градоначалникот и совениците од оваа партија.