Демократи го поздравуваат почетокот на собраниската расправа за измени на Изборниот законик за Една изборна единица, без Изборен праг и Отворени листи
За жал, Владата негативно се изјасни за предлог текстот иако и ДУИ и СДС декларативно велат дека ќе ги поддржат овие измени.
Ова не само што ќе помогне да се демократизираат партиите, туку гласот на граѓаните да е еднакво претставен што е уставна категорија, а не како досега илјадници гласови на граѓаните да не бидат верифицирани во пратенички мандати.
Токму затоа во напредните демократии Уставните судови ги верификуваат мандатите и дури можат да ги прогласат за неправилни изборите и да ги поништат ако само и еден глас остане не транспониран во нечиј мандат за кој граѓанинот го дал својот глас.
ДЕМОКРАТИ силно се залагаат за Македонија да има Една изборна единица, Вез праг и Отворени листи, во која до израз доаѓа личноста, а не партијата.
Но, како и многу пати досега, би било навистина чудо ако СДС, ДУИ и ДПНЕ се издигнат над теснопартиските интереси и го гласаат Предлог законот за Една изборна единица, Без праг и Отворени листи, во која до израз доаѓа личноста, а не партијата, што е впрочем и барање на ОБСЕ /ОДИХР да се промени Изборниот законик!