ДЕМОКРАТИ предупредува!

Додека нашиве криминализирани поглавици се договараат како да ги внесат бугарите во македонскиот устав, Бугарија разработувала стратегија со која повторно ќе ги актуелизирала прашањата за пасошите на македонските граѓани и дека сега на многу полесен начин ќе се издавале пасоши на членовите на семејствата на оние 100 или 120 илјади македонци кои притиснати од сиромаштијата и игнорантскиот однос на државата и политичките багабонти, посегнаа по бугарска патна исправа за да одат во некоја од европските земји на гурбет како кон средината на минатиот век. Со ова, очекувањата на Бугарија биле оваа бројка да порасне на 250-300 илјади носители на бугарски пасоши од Македонија со која бројка потоа ќе настапи пред европските институции со барање за нивна правична застапеност во земјава и се што со тоа им припаѓа како една од помнозинските заедници.

ДЕМОКРАТИ ги предупредува и заспаната власт и лажната опозиција широко да отворат очи за продолжувањето на вештачкиот бугарски инжењеринг врз Македонија и македонскиот народ кој се одвива континуирано..

Претходно СПОРТСКИ РЕЦЕПТ ЗА КВАЛИТЕТ!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ