80 години од масакрот на 12 македонски младинци од Ваташа сите на возраст од 15 до 27 години..застрелани од раката на бугарскиот фашистички окупатор за да се спречат народно-ослободителните активности на Македонците во таа 1943 година во екот на Втората светска војна.
СЛАВА ИМ!
80 години потоа Македонците повторно се исправени пред налетот на еден поинаков бугарски ,,изам” за уништување на идентитетот од посупериорната позиција како членка на ЕУ.
Се прават обиди за ретуширање на историјата преку наши однародени политичари кои прифатија да преговараат за тоа што треба да е најсвето за еден народ, а тоа е неговата историја, идентитет, јазик, култура.
Ваквите настани иако запишани со црно мастило на страниците на нашата историја опоменуваат никогаш да не се повтори, да простиме но никако да не заборавиме, а најмалку што можат бугарите да направат е да дојдат на спомен обележјето во Моклиште, да клекнат и да се извинат за се што правеле низ историјата и за се што прават сега обидувајќи се со помош на домашните квинслинзи да не претворат во аморфна маса дека не сме ние, дека немаме историја освен заедничка со Бугарија, дека зборуваме на дијалект на бугарскиот јазик.
Чемер и јад носат во душата на Македонецот кој треба час поскоро да ги тргне од власт предавниците кои се фатија на бугарското оро да им ги задоволат нивните налудничави барања.
На овој начин ни ЕУ не ни е потребна ако бара и поддржува наше обезличување.
Почивајте во мир 12 ваташки македонски младинци, има во оваа Македонија уште сили кои го чуваат заветот на Илинденците и Асномците…