Поткуп на медиумите со народни пари за маркетинг на сопствените политики!

ДЕМОКРАТИ остро се спротивставуваат на плановите на власта за враќање на државното рекламирање во медиумите, што значи поткуп на медиумите со народни пари за маркетинг на сопствените политики, а кои има план да ги претстави како божемни кампањи од јавен интерес.

Не само што со овие кампањи со пари од сите нас, милионски суми евра ќе се слеат во приватни џебови на медиумските магнати како што се газдите на петте национални приватни телевизии, не само што тоа значи директно мешање во уредувачката политика и гушење на објективното информирање и слободата на говорот, значи и дополнително намалување на ионака незначителниот тв простор за партиите кои не се со ниедна власт, како ДЕМОКРАТИ!

Кога СДСМ беше во опозиција ја критикуваше власта предводена од ДПНЕ за владините реклами во медиумите. Сега го прави истото.

Ова дополнително ги вознемирува ДЕМОКРАТИ кои не се согласуваат на овој начин да бидат спроведени уставните измени, дека владата на овој начин со наши пари купува медиумски простор за протежирање на своите политики по однос на ова прашање.

Власта е решена ова да го изгласа и во пресрет на се поизвесните предвремени избори, со цел да ги дозамолчи сите кои не мислат како неа.

ДЕМОКРАТИ пружаат ОТПОР на ваквите ОПАСНИ ТЕНДЕНЦИИ од кои ќар ќе имаат само медиумските газди.

ОТПОР!


Претходно НАРОДОТ, ИСТОРИСКИ, СЕКОГАШ ГО ПОБЕДУВА ЗЛОТО!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ