Го поддржуваме залагањето на САД да се бори против политичкиот и стопанскиот криминал, митото и корупцијата што царува 32 години во Македонија.
Ја поддржуваме одлуката на Стејт департментот да го прогласи за нон грата Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга и член на Претседателството на ДУИ, а исто така ја поддржуваме одлуката да ги прогласи за нон грата членовите на неговото семејство и да им се забрани влез во САД.
Честитки до амбасадорката Агелер за борбата против корумпирани политичари и бизнисмени!
Како ДЕМОКРАТИ бараме од САД да ја продолжи борбата против политичарите, функционерите и бизнисмените кои се занимаваат со криминал и корупција и бараме да ни помогне кривично да бидат прогонувани, со што би го спречиле понатамошното уништување на македонската држава и народот со децении!
Бараме од Рамиз Мерко ИТНО да поднесе неотповиклива оставка, а ЈО ИТНО да поднесе кривична пријава против него и неговите соучесници, кои спрема наодите на Стејт департмент на САД, се занимавале повеќе години со корупција и криминални активности и ја оштетувале Општина Струга, незините граѓани и Македонија!