Јавното Обвинителсто ИТНО да поднесе кривична пријава против Рамиз Мерко и неговите соучесници и да ги приведи!

Ја поддржуваме одлука на САД за ставање на ,,црната листа” градоначалникот на Општина Струга и член на Претседателсвото на ДУИ Рамиз Мерко

Го поддржуваме залагањето на САД да се бори против политичкиот и стопанскиот криминал, митото и корупцијата што царува 32 години во Македонија.

Ја поддржуваме одлуката на Стејт департментот да го прогласи за нон грата Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга и член на Претседателството на ДУИ, а исто така ја поддржуваме одлуката да ги прогласи за нон грата членовите на неговото семејство и да им се забрани влез во САД.

Честитки до амбасадорката Агелер за борбата против корумпирани политичари и бизнисмени!

Како ДЕМОКРАТИ бараме од САД да ја продолжи борбата против политичарите, функционерите и бизнисмените кои се занимаваат со криминал и корупција и бараме да ни помогне кривично да бидат прогонувани, со што би го спречиле понатамошното уништување на македонската држава и народот со децении!

ДЕМОКРАТИ бараат од Јавното Обвинителсто ИТНО да поднесе кривична пријава против Рамиз Мерко и неговите соучесници и да ги приведи, кои спрема наодите на Стејт департмент на САД, се занимавале повеќе години со корупција и криминални активности и ја оштетувале Општина Струга, незините граѓани и Македонија!


Претходно Актуелен член на ДПМНЕ и советник во општина Илинден узурпира државно земјиште во Село Кадино!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ