Се изнаслушавме во изборните кампањи како лидерите на партиите велат дека се слуги на граѓаните, и дека ќе им биде чест ако ја добијат довербата од граѓаните за да ја раководат државата.
Но по изборите – тие во сите нивни настапи говорат за доаѓање на власт и владеење, дека ја освоиле власта и дека се владеачки партии, а опозицијата само говори за борба за власт, за промена на власта, за освојување на власта и за доаѓање на власт.
Оваа борба за власт и за владеење со граѓаните, а не за служење на граѓаните, доаѓа од криминалниот Изборен законик со затворени листи, со кој главни во државата се партиите и нивните лидери – тие ги поставуваат и контролираат пратениците во собранието.
Затворените изборни листи овозможуваат партиите максимално да ги лажат граѓаните во кампањата – за да се доберат некако до власта, а потоа забораваат на ветувањата – затоа што со затворените изборни листи не постои систем на партиска одговорност.
Така лидерите и партиите се главни во државата и тие се на власт, а граѓаните им се нивни слуги. Тие си прават што си сакаат во државата – затоа што им се може, си ја партизираат, си ја заробуваат и задолжуваат, и си уживаат во неказниви криминали и корупција.
Ние од ДЕМОКРАТИ велиме – ДОСТА Е, ДОСТА граѓаните им служат и се слуги на политичките криминални партии и нивните злосторнички криминални банди кои владеат, ја пљачкаат, уништуваат и разнебитуваат државата и народот 32 години!
ДОСТА беше башибозук во наша Македонија!
Време е власта да се врати кај сопственикот на државата – кај граѓаните!
ДОСТА Е служење на арамиите, доста е од партизирана, заробена, презадолжена и сиромашна држава!
Крајно време е за ОТВОРЕНИ изборни листи во Македонија!
Со ОТВОРЕНИ изборни листи Вие граѓаните одлучувате кој ќе стане пратеник, тогаш пратениците Ве прашуваат и слушаат Вас граѓаните, и одговараат пред Вас!
Тогаш партиите и лидерите се само Ваш граѓански сервис, Ваши слуги, и Вие граѓаните сте на власт во својата држава!
Затоа Демократи се борат за ИТНО воведување на ОТВОРЕНИ ЛИСТИ во Македонија, за со нивна помош Вие граѓаните да дојдете на власт, и да владеете со Македонија!
А за да ги воведеме ОТВОРЕНИТЕ изборни листи – на нас од Демократи ни е потребна Вашата широка граѓанска поддршка!
БОРБАТА ОТПОЧНА ЗА СПАС НА МАКЕДОНИЈА!