Разбуди се македонски народе и не дозволувај глутница на политички злосторнички криминални банди да ни ја уништуваат МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА
Што ни се случува!?
За кројачите важи :
,,Тивка вода брег рони”, ама овде се УРИВА !
-Денес на наставниците по македонски јазик им беше одржана обука за новата програма во шесто одделение, според разнебитувачката и погубна Концепција на М.Ц..
Замислете, не само што се обезвреднува предметот историја, туку од програмата по македонски јазик се отфрла и историјата на македонскиот јазик. Значи, нема да се учи за Светите браќа Кирил и Методиј, Свети Климент, Свети Кирил Пејчиновиќ… .Па што ќе ги учиме децата дека сме паднале од Марс и дека сонот на нашите претци бил влез во ЕУ, дека баба ми додека го палела кандилото, се молела да ја запознае Кралицата Елизабета?
Според истата програма, училиштето и училницата се претвораат во игротека, во која наставниците ни повеќе ни помалку ќе бидат сценаристи, кои треба да ги анимираат учениците со своите оригинални сценарија. Боже, колку не прецениле! Ни препишале можности и способности за кои и ние не сме свесни дека ги поседуваме. Но, заборавиле или не предвиделе дека меѓу нас има многу Калеш Анѓи.
Ми доаѓаат зборовите на Ава Јустин Поповиќ кој вели дека подобро е да бидеш лав или тигар во џунгла, отколку човек во несвета просвета.
Се прашувам каде се претставниците од Институтот по македонски јазик да ги поддржат наставниците во нивниот анемичен и безгласен бојкот?
Очекувам дека сите кои се чувствуваат како луѓе со корен, со верски и национален идентитет и имаат барем малку почит кон своите претци, но и потомци, активно ќе се вклучат во борбата со оваа нова Концепција која е погубна за сите нас.
Не навлегувам во мотивите на оние што ја спроведуваат, бидејќи се надевам дека Бог ќе им даде разум и покајание.”
(Преземено од учителка)