Нема пари за лицата со шеќерна болест!

Нема пари за лицата со шеќерна болест, а има пари за АСТРОНОМСКОТО 78% покачување на платите на финкционерите – манипуланти, преваранти, криминалци и психопати (чест на исклучоци)!

ДЕМОКРАТИ бараат од властите ИТНО да набават лекови, игли, ленти, пенкала, инсулински пумпи за децата и апарати за мерење шеќер во крвта за сите лица со шеќерна болест на кои им се неопходни да ја контролираат болеста, која е една од најопасните болести во светот!

ДЕМОКРАТИ ги прашуваат властите: Што душа имате што ги оставате болните со шеќерна болест без лекови, игли, ленти, пенкала, инсулински пумпи за децата и апарати за мерење шеќер во крвта, кога добро знаете дека на лицата со шеќерна болест секојдневно им се неопходни да ја контролираат болеста, која е една од најопасните болести во светот и од која болест болните добиваат многу други опасни болести или умираат ако не се контролира секојдневно шеќерот во крвта!

ДЕМОКРАТИ го осудуваат ова нехумано, неодговорно, шарлатанско и идиотско однесување на Владата и Министерот за здравство и ги повикуваат ИТНО да го решат проблемот, затоа што се одговорни за здравјето на пациентите!

Ако не го решите ИТНО проблемот, кривично ќе бидат прогонувани во иднина за страдањата на пациентите и изгубените човечки животи!


Претходно Вечер, во 17:45 часот претседателот на ДЕМОКРАТИ Јорго Огненовски гостува во емисијата Аргумент плус на Телевизија 24!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ