Дозволете од Демократи да ви ја раскажеме приказната за Македонка и нејзините деца:
************************
Си беше една многу убава жена Македонка, сите ја сакаа. Беше и многу умна, стројна и силна жена, многу вредна и работлива. Работеше низ целиот свет, беше многу почитувана, и стекна големо богатство. Имаше и многу деца, кои самата ги чуваше и растеше.
Еден ден Македонка се разболе од чудна болест. Навидум не и беше ништо, ама постојано беше се послаба и понемоќна, а и се погрда.
Бараше лек за болеста, ама не можеше да најде, не знаеше што и е. Веќе не можеше да работи и легна болна, па децата се грижеа за неа.
Некои деца сакаа да бидат свои луѓе, самостојни, па ја напуштија Македонка и заминаа во светот по среќата и парите, други деца работеа и се грижеа за Македонка, а некои деца не сакаа да работат и убаво си живееа од богатството на мајката, со кое управуваа тие зошто таа самата веќе не можеше.
Едно од децата, работејќи во Европа, откри дека и таму имало таква болест од која боледува мајка му, и дека има многу ефикасен природен лек, бесплатен, од кој таа за многу кратко време ќе се излечи од болеста и ќе стане сосема здрава, па дури и посилна од порано. Веднаш го најде лекот, и со голема радост тргна дома кај браќата и сестрите да им го даде.
Кога другите деца кај мајката го видоа лекот, и видоа дека навистина тој е толку добар – се исплашија дека ако мајка им оздраве тие веќе нема да можат да го користат нејзиното богатство како што си сакаат, и дека ќе мора и самите напорно да работат за животот, па почнаа да го разубедуваат детето со лекот дека тој лек и не е така добар како што се зборува, дека во Европа го лажат, дека лекот е многу сложен и опасен, и дека ако и го дадат на мајка им – таа може и да умре.
Детето ја разбрало ситуацијата каква е, дека неговите браќа и сестри лажно се грижат за мајката и дека се спремни да дозволат таа и да умре – само да не си ги скратат задоволствата и комоцијата од нејзиното богатство, па почнало насекаде да зборува дека има лек за мајка му – ама дека другите деца не сакаат да и го дадат, мислејќи дека ќе ги засрами и дека ќе им проработи совеста и грижата за мајка им.
Сепак, тие толку беа настрвени на парите на мајка им Македонка и осилени дека се посилни од детето, па на сите им велеа дека детето не знае, дека треба да се игнорира што зборува, а на страна му се закануваа дека ќе го утепаат ако продолжи да им кажува на сите за лекот.
Кога видело детето дека нема разбирање од другите деца и дека нема помош од надвор – направило итрина и скришно, додека спиеле децата, дошло до мајка му и и го дало лекот. Лекот брзо делувал, и Македонка почнала да заздравува.
Разбрала што се случувало додека била болна, и за лажната грижа на своите деца, но била многу добра и не сакала да ги казнува своите деца. Само им рекла дека веќе нема да имаат пристап до нејзиното богатство и дека ќе мора самите да работат за да се издржуваат, а контролата на богатството ја оставила во рацете на детето кое и го дало лекот и ја спасило.
Така Македонка си продолжила да живее заедно со своите деца, здрава и се посилна и поубава !
****************
Што мислите – која била болеста на Македонка, кој бил лекот, и во која фаза од приказната е нашата мајка Македонија денес ?