ПРОБЛЕМ, ПОСЛЕДИЦИ И ПРИЧИНА!

Македонија долги години наназад има големи проблеми: криминал, корупција, партизација и заробување на државата. Последиците од тие проблеми се осиромашувањето и презадолжувањето на државата, нефункционирањето на судството и правната држава, иселувањето на граѓаните и т.н.

И што прават нашите криминални партии кога „ќе дојдат на власт“?

Преку контролираните медиуми секојдневно не концентрираат нас граѓаните на проблемите – криминалот, корупцијата и т.н, и на последиците од проблемите – колку паднал стандардот, колку се задолжила државата, колку судиите ги ослободуваат политичките криминалци и им ги застаруваат делата, колку граѓани се иселиле и т.н. И цело време се препукуваат меѓусебно – кој повеќе е крив за ситуацијата, и во чие време било полошо.

Тоа е како некој човек да е болен, да има проблем, и цело време се концентрира на последиците од проблемот – колкава му е температурата, колку ослабнал, колку му опаднал имунуитетот, колкави болки има и сл.

Паметните луѓе како што се ДЕМОКРАТИ се концентрираат на причината на проблемот – болеста, и на отстранување на причината за болеста, со што се решава и самиот проблем, односно болеста.

Така е и со проблемите кои ни ја мачат македонската држава, и со последиците од нив. Наместо на последиците – треба да се концентрираме на пронаоѓање и отстранување на причината на болеста, и со тоа ќе ја отстраниме и болеста, и нејзините последици.

А причината за болестите на Македонија, причината за криминалот, корупцијата, партизираноста на државата и сите последици од нив – е веќе позната, тоа е криминалниот изборен закон со затворени листи!

Со оглед на тоа познат е и лекот за овие болести на Македонија, а тоа е – ИТНАТА промена на криминални изборен закон и воведувањето на отворените изборни листи!

Затоа, ние, ДЕМОКРАТИ не протестираме само заради болестите кои ни ја мачат Македонија – криминалот, корупцијата и партизираната и заробена држава, туку бараме и отстранување на причината за тие болести и решавање на сите проблеми со ИТНА промена на криминалниот изборен закон и воведувањето на отворените изборни листи!

Ако се согласувате со ДЕМОКРАТИ, и ако и вие сакате спасување на Македонија од болестите и воведување на отворените листи – придружете ни се на протестот на ДЕМОКРАТИ!

Се гледаме утре, недела, 16.07.2023, во 19 часот пред Влада!

Претходно СТОП ЗА ,,РУДНИЦИТЕ НА СМРТТА”!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ