ДЕМОКРАТИ ви ја честитаат 120 годишнината од ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ и 79 годишнината од АСНОМ!

Да ни е ВЕЧНА ТАТКОВИНАТА И ОВИЕ ДВА СВЕТЛИ ДАТУМИ!

Како никогаш досега се наметнува потребата да ги апострофираме овие датуми и длабоко да проникнеме во идеалите на нашите предци што ги поттикнале на борба за слобода, зашто како никогаш досега МАКЕДОНИЈА се наоѓа на ново распаќе.

Треба да ја продолжиме борбата за слобода, правда, демократија и СПАС на Македонија, зошто 33 години како независна и суверена македонската држава сме под окупација од страна на домашни политички злосторнички криминални банди и нивните криминални парти СДС-ДПНЕ-ДУИ, кои не држат под модерно ропство и ги уништуваат животите на нашите деца, внуци и сограѓани!

Исправени пред опцијата да продолжиме кон ЕУ, ДЕМОКРАТИ и овој пат повторуваат дека НЕ ПОДДРЖУВАМЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ, се додека Бугарика не го смени односот кон Македонија и не престане да го негира нашиот идентитет, јазик, историја, култура и не ги признае Македонците во Бугарија!

Ако Бугарија не почне да ги применува цивилизациските вредности на тоа што значи добрососедство, МАКЕДОНИЈА треба ИТНО да ги прекине преговорите со Софија.

А, ЕУ да го корегира и односот кон нас со тоа што нема да ни налага болни компромиси, а и кон својата членка на која треба да и наложи да применува манири на Европска држава, а не манири својствени за минатите векови.

За многи години Илинден!
Македонија вечна!

Претходно Македонијо не’ ги заборавај Македонците во Албанија, Бугарија, Грција и каде да се по светот!

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ