КАНЦЕР
Подолго време како ДЕМОКРАТИ укажуваме дека партизацијата на државата е најопасната болест која ни ја зафати државата во последните децении, и ја руши на сите полиња.
Криминалните здруженија ДПНЕ, СДС и ДУИ си поставија партиски војници на најважните позиции во државната администрација, а исто така нивни полтронски послушници и измеќари ги инфицираа пензионерските здруженија, граѓанските здруженија, синдикатите и сега тие максимално одработуваат за својата партија, а државата функционира само за нив.
Ние другите – ќе си земеме по некоја трошка, ако остане, или можеме слободно да се селиме од државата.
Најболното и најчувствително прашање за луѓето, вработувањето – потполно е покриено со партиските војници, и главна задача ним им е за секоја најава за потреба од отворање на работно место во државната администрација – веднаш или што порано да ги известат партиите – како потоа би имале уште еден верен партиски војник во администрацијата, и дополнителен број сигурни гласови за избори.
Сега веќе нема вработувања во државната администрација – ако не е под покровителство на некоја од трите криминални партии.
Затоа ние од ДЕМОКРАТИ укажуваме на оваа најголема и најсериозна болест на државата, овој канцер кој ги парализира сите процеси, па дури и протестите за голо преживување, како што е протестот на пензионерите, и нудиме ефикасен бесплатен лек.
Лек за овој голем канцер, партизацијата на државата – е промената на криминалниот изборен закон и воведувањето на отворените листи, кои ја уништуваат партизацијата во државата.
За да можеме да и го дадеме овој најефтин и најефикасен лек на нашата болна мајка Македонија, ние од ДЕМОКРАТИ ја бараме вашата граѓанска поддршка, која ни е неопходна.
Знаеме дека заради овој канцер и нашите протести се малку посетени, дека притисокот над граѓаните е преголем и дека детално се следи се во државата, но верувајте дека се повеќе луѓе, од неиздржливата мака, се охрабруваат и ни се придружуваат во ДЕМОКРАТИ!
Колку повеќе не има – толку сме помоќни, и можеме подобро да се браниме од овој канцер. Затоа – да не се плашиме од овие неспособни имбецили кои ни ја партизираа и заробија државата.
Посебно ги повикуваме пензионерите да не им се плашат и да излезат масовно на протестите, да го искажат своето незадоволство, зошто пензионерите се тие на кои партиите директно не им можат ништо – и затоа максимално се плашат од нив, и се молат за нивната поддршка на изборите. Од пензионерите зависи кој ќе победи на изборите, како и од нас слободните граѓани, и затоа колку помалку ние им се плашиме – толку повеќе тие ќе се плашат од нас!
Ние од ДЕМОКРАТИ даваме максимална поддршка за протестите на пензионерите, како и за сите протести против овој канцер кој ни ја јаде државата.
И ние веќе подолг период протестираме, и бараме примена на овој најефикасен лек против канцерот – ИТНА измена на криминалниот изборен законик и воведување на ОТВОРЕНИТЕ ЛИСТИ!
Се за Македонија, Македонија вечна!