Резолуцијата е поднесена од републиканскиот сенатор Мајк Брон од Индијана.
Иницијативата за резолуција ја поднесла обединетата македонска дијаспора чиј претседател Мето Колоски вели е од огромно значење зашто се случува во време кога Македонија се соочува со негирање на македонскиот јазик и идентитет од страна на Бугарија.
Американскиот Сенат месецов треба да се изјасни за прогласување на септември 2023 година за месец на македонско-американското наследство при што во триесетте дена ќе се слават мајчиниот јазик и културата на македонските Американци и ќе се истакнат клучните придонеси и културно влијание на генерациите Македонци врз САД.
Имиграционите процеси на Македонците во САД датираат уште од далечната 1880-та година кога десетици илјади македонци имигрирале во САД во потрага по граѓански слободи, човекови права, верски слободи, економски можности и безбедност, потоа следат брановите по илинденското востание, по балканските и првата и втората светска војна како и по граѓанската војна во Грција, се наведува во резолуцијата.
Доколку се усвои резолуцијата САД ќе бидат втори оваа година по германскиот Бундестаг во јуни, кој исто така усвои резолуција со која се реафирмираат македонскиот идентитет и јазик на патот на земјата кон Европската Унија.