По Протестот на ДЕМОКРАТИ пред влада против криминалот и корупцијата еден пријател во фејсбук групата ОТВОРЕНИ ЛИСТИ искоментира: „Многу луѓе би дошле на Протестот и би им дале поддршка на ДЕМОКРАТИ, ама едноставно се деморализирани и немаат доверба во ништо и во никого. Тие само гледаат како да избегаат од оваа грдотија од држава, каде што само криминалот и анархијата се главни. Почит кон тие што протестираа, ама од досегашниве арамии народот е тотално разочаран, и во тоа е проблемот. На следниве избори нема да има излезност ни 50%, оти сме во хаос.“
Од ДЕМОКРАТИ благодариме за искрениот коментар, и се согласуваме дека граѓаните сега веќе немаат доверба во политичарите, по толку години лажење и крадење. Тие политичари на сите претходни кампањи претставуваа прекрасни изборни програми, даваат ветувања со рака на срце, со клекнување пред граѓаните и со колнење во најмилото – и пак не излажаа и крадеа. Па како да им се верува повторно?
Главниот проблем е што изборниот систем со затворени листи остава огромни можности за лажење и крадење од политичарите. Со затворените листи се заробува државата, нема никаква контрола како функционира владата и заробениот судско-обвинителски систем, и ние граѓаните мораме да сметаме на чесноста и вредноста на ветувањето од политичарите.
А ако некој не го исполни ветеното, и ако краде без можност тоа да се докаже – никому ништо! Крива е партијата, односно – никој!
Ние од ДЕМОКРАТИ не нудиме шарени ветувања и не бараме нам слепо да ни верувате. Ние од ДЕМОКРАТИ се бориме за востановување на квалитетниот, чесен и праведен изборен систем со отворени листи и преференцијално гласање во Македонија, и ви ги нудиме сите квалитети кои тој систем ги подразбира и ги носи со себе.
Тука е клучната разлика на ДЕМОКРАТИ од другите тривијални партии! Другите партии се нудат себе, своите ветувања, лаги и манипулации за измамување на нашите граѓански гласови, и бараат ним да им веруваме.
Ние од ДЕМОКРАТИ нудиме изборен систем со отворени листи кој гарантира слободни, чесни и фер избори, без изборни измами, кој систем ќе ја направи Македонија правна и функционална држава, ќе ги сузбие криминалот и корупцијата, и ќе ја ослободи партизираната и заробена држава.
Тој изборен систем со отворени листи веќе долги години функционира во ЕУ и ширум светот, максимално е проверен и докажан, и ги гарантира наведенита предности и квалитети!
Ние од ДЕМОКРАТИ не бараме доверба од граѓаните во нашите политичари, туку бараме доверба во проверениот и докажан квалитетен изборен систем со отворени листи кој го нудиме, и за кој се бориме. Во системот со отворени листи главни луѓе во државата веќе не се лидерите на партиите – туку главни сме ние граѓаните!
Затоа ние од ДЕМОКРАТИ бараме од граѓаните да имате доверба во самите себе, ветуваме дека ќе бидеме граѓански слуги, и дека ќе работиме според барањата и потребите на граѓаните.
Затоа ние од ДЕМОКРАТИ не сме воопшто загрижени од степенот на излезност на Протестите и од висината на поддршката од вас граѓаните. Доколку мнозинството граѓани не ги сакаат изборниот систем со отворени листи и квалитетите кои тој систем ги носи со себе – ние нема да инсистираме на тој систем.
Ама ако мнозинството на граѓани го сакаме и инсистираме на тој чесен, квалитетен и фер изборен систем со отворени листи – тогаш ние ДЕМОКРАТИ ветуваме максимална борба за воведување на отворените изборни листи во Македонија, и за почитување на сите квалитети и предности кои отворените листи ги носат со себе.
ДЕМОКРАТИ ќе направат се за Македонија што поскоро да стане напредна, развиена и квалитетна Европска држава!