ИТНО донесување на закон за потеклото на имотот и конфискација на истиот ако е стекнат на криминален начин!

Еве зошто на Македонија и се потребни преговорите и членството во ЕУ, скрининг на состојбите во државата, за да се види колку политичката мафија ни ја заробила државата и колку безмилосно не краде.

Европската комисија го објави нацрт скрининг извештајот за Македонија за првото поглавје „Фундаментални права“, во делот за корупцијата и одземањето на имотите. Се вели дека Македонија треба да донесе нов закон со кој се одзема имотот на криминалците, па дури и ако го кријат во странство.

Токму тоа и го бараме ние од ДЕМОКРАТИ – итно донесување закон за потеклото на имотот, и конфискување на незаконски стекнатиот имот!

Ви извештајот, меѓу другото, уште се вели:

– Имплементацијата на борбата против корупцијата е бавна, дека се остварени само 10 отсто од активностите планирани до 2020 година, има јасен недостиг на политичка воља во институциите за тоа.
– Бројот на завршени судски случаи против високопрофилна корупција е ограничен, има дискрапанца помеѓу бројот на започнати и успешно завршени судења, многу од нив застареле.
– Корупцијата е широко распространета во многу области на јавниот и финансискиот живот, и предизвикува сериозна загриженост во ЕК.
– Има недостаток на политичка воља за реформа на јавната администрација, иако има подготвени закони.
– Има нефер разлика во платите, нетранспарентност на износите, а додатоците на плата се даваат без јасни критериуми.
– Според извештајот, „Балансерот“ „повеќе не ги исполнува целите, бидејќи процентот во формулата не ги одразува пописните податоци за населението“.

Јасно е дека борбата против корупцијата е бавна и дека заробеното судство и обвинителство ги штитат политичките мафијаши.

Со помош на криминалниот изборен законик и затворените изборни листи лидерите на партиите и нивните политички мафии ја партизираа и заробија државата, и нема политичка воља кај нив да се воведат и спроведуваат ефикасни закони за борба против корупцијата.

Со промена на криминалниот изборен законик и водедување на отворените листи и реформи во администрацијата за кои се залагаат ДЕМОКРАТИ подолго време, би се одзело главнито оружје на политичките мафии со кои се одржуваат на власт – партизираната гласачка машинерија на администрацијата!

Претходно ПОВИК ЗА ОПШТОНАРОДЕН ПРОТЕСТ ПРОТИВ БУГАРСКИОТ ПОЛИТИЧКИ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Адреса:

ул. Борис Траjковски 24 - 1/2, Скопје 1000

Сите права задржани © 2023 ДЕМОКРАТИ