Додека неспособни Министри по здравство и Влади 15 година ја немат ревидирано позитивна листа на лекови, кои лекови ќе им овозможи на пациентите современа терапија, за жал, пациентите уште примаат лекови кои не се употребуваат повеќе во развиените земји, се помалце ефективни и имаат негативни последици по здравјето на пациентите. Современата терапија би им го подобрило здравјето и животот на пациентите.
Но за жал, пациентите во Македонија со децении се изложени на страдања и умираат од немање квалитетна терапија, лекови, а јавните здравствени установи се претворени во мртовечници, благодарение на неспособни, нехумани и криминални Влади и Министри по здравство!
Почитувани граѓани,
ДЕМОКРАТИ организираат ОПШТОНАРОДЕН ПРОТЕСТ поради катастрофалната ситуација во здравствениот систем на релација Министерство за здравство – Фонд за здравство, недела, 30-07-2023, во 19 часот, пред Собрание на Македонија.
Придружете ни се да го искажеме нашето незадоволство и предложиме решенија кои ќе креираат квалитетен здравствен систем за доброто на сите граѓани на Македонија!